Kontejnerizacijata kako sovremena transportna tehnologija (Makedonski) 
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 16 | Nivo: Tehnički fakultet, Bitola

АПСТРАКТ
Во оваа семинарска работа е опфатен процесот на контејнеризација како современа транспортна технологија која овозможува порационален, поекономичен и ефикасен транспорт на стока. Контејнеризацијата овозможува користење на стандардни превозни средства, при што во текот на превозот на стоката на самите превозни средства се овозможува брзо и сигурно прицврстување на контејнерите.
1. Поим за контејнер и контејнеризација
Контејнерите се посебни направи, преносни садови, транспортни садови, склопно – расклопни садови, подвижна транспортна опрема и останата слична конструкција, која треба да ги исполнува следните услови:
Потполно или делумно затворени, со што сочинуваат простор за сместување на стоката, со најмалку една врата.
Конструирани така да се овозможи брзо, сигурно и едноставно полнење и празнење.
Конструирани така да се забрза процесот на транспорт на стоката со едно или повеќе превозни средства, без индиректни претоварни операции.
Опремени со уреди за брзо, сигурно и едноставно ракување и ман- ипулирање, кога станува збор за претовар од едно на друго превозно средство.
Изработени од стабилен материјал и доволно цврст.
Отпорни на временски неприлики и прикладни за повеќекратна употреба.
Изработени со запремина од најмалку еден кубен метар.
Контејнерот не е ни средство за пакување, а не е ни транспортно средство, меѓутоа се смета како дел од транспортното средство, кој претставува простор стандардизиран за сите гранки на превоз. Најважни задачи на контејнерот се: да се користи како манипулациско - транспортна единица на стоката, да се користи како складишна, паковна, како и останата карика во непрекинатиот процес на транспортниот ланец од произведувачот до потрошувачот (од врата до врата).
Контејнеризацијата претставува множество на меѓусебно организациски поврзани средства за работа и технолошки постапки за автоматизирано манипулирање и транспорт на окрупнети товарни единици – контејнери од суровинската база до потрошувачот. Контејнеризацијата после пакетизацијата и палетизацијата, претставува прва современа транспортна технологија, која во последните педесетина години се афирмирала во сите земји во светот. Контејнеризацијата најуниверзално и нејрационално ги поврзува поединечните парчести стоки во окрупнети товарни единици – контејнери со стока и овозможува воспоставување непрекинат транспортен ланец од суровинската база до потрошувачот.
OPENTOP CONTAINER
2. Најважни цели на контејнеризацијата се.
Квалитативно и квантитативно максимизирање на техничките, технолошките и економските ефекти во процесот на производството и потрошувачката.
Максимизирање на ефектите од работењето на креативните и оперативни менаџери во составот на контејнеризацијата.
Обединување на парчестиот товар во сандаци, картони, бали, вреќи, гајби, и слично во поголеми стандардизирани манипулациско - транспортни единици.

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

 

 

 

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!